Скулптурен мебел од песок и цемент

353

Во текот на овогодишната недела на дизајн во Њујорк, уметникот со потекло од Бруклин, Фернандо Мастрандело, ја проширува колекцијата Drift со серија скулптурен мебел, кој со својот изглед потсетува на глечери и природна земјина формација. 

Линијата на многу груби, но во исто време и префинети предмети, е развивана за да вклучи и масичка направена од цемент и песок, софа изработена од исти материјали, пресвлечени со свила и сомот, масичка за кафе и маса Петра за дневна соба во комбинација со сина и розева боја.

Користејќи рачно мешан песок, стакло во прав, огледало и цемент, Матранџело поставува еден покрај друг елементи кои се педантно изработени и исполирани со скапи теренски површини кои делуваат неконтролирано.

Скулптурен мебел од песок и цемент2-001

Колекцијата е инспирирана со два клучни земјини чуда, Пегагонија од која се преземени две главни палети на бои и Големиот Кањон во кој слоеви на земја и карпи довеле до инспирација за ефекти на песочни нагиби. Секое парче од оваа колекција е единствено и произведено во многу ограничена серија.

loading...