7 важни работи за Морето на смртта

44
Booking.com INT

Го нарекуваат “море на смртта”. Иако во ова лековито море никој не може да потоне, тоа може да биде опасно, но од други причини. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

Мртво Море, Море на смртта и Лотово Море се имињата за соленото езеро помеѓу државите Јордан и Израел, кое може да се пофали со соленост од 33%.

Дознајте по што овој природен феномен е посебен.

1. Мртвото Море е најголемата светска депресија. Ова солено езеро се наоѓа околу 400 метри под површината на светското море, на Блискиот Исток, помеѓу државите Јордан и Израел. Длабоко е околу четири стотини метри.

2. Нивото на водата во Мртвото Море не расте, бидејќи околу него владее пустинска клима, со температура од 40 степени Целзиусови во најтоплите летни месеци, која доведува до големи испарувања. Од друга страна, дождот е многу редок во оваа област.

3. Соленоста во Мртвото Море изнесува околу 33 проценти.

За споредба, Средоземното Море има 3% сол. Сепак, Мртвото Море не е најсоленото езеро во светот. Од него е посолено Асалското Езеро во Источна Африка (35% сол) и Дон Жуан Понд на Антарктикот (со соленост од 40%).

4. Поради високиот процент на сол, условите за живот во Мртвото Море се многу сурови. Само во таа вода можат да преживеат микроорганизми, како што се анаеробните бактерии.

5. Солта и минералите во водата имаат многу позитивен ефект врз здравјето на луѓето, па не е за изненадување дека тука уште од времето на Ирод доаѓале да се лекуваат луѓето кои страдале од псоријаза и други кожни болести, како и заболувања на коските, како што се остеопорозата и артритисот.

6. Поради високата содржина на сол, водата е многу густа и оневозможува пливање, и никој не може да потоне. Сепак, тоа не значи дека ова место не е опасно.

Спасувачка служба редовно ги предупредува туристите да не ја пијат водата од езерото, бидејќи поголеми количини можат да го нарушат електролитниот баланс во организмот и да доведат до запирање со работа на неколку органи.

Во Мртвото Море е забрането нуркање и скокање во водата, со цел да се избегне контактот на солта со очите.

7. Старите Египќани ја користеле лековитата кал од Мртвото Море за балзамирање на мумиите.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...