7 извори на стрес кои ви го уништуваат животот секојдневно – полека, но сигурно

1508

Постојат седум извори на стрес и негативни емоции. Овие седум стресори најверојатно ќе предизвикаат 95%, можеби дури и 99% од непријатностите што некогаш сте ги доживеале.

Откако ќе научите да ги препознавате, и да се справувате со нив, ќе се чувствувате подобро, повеќе оптимистично и повесело во сето она што ќе го правите.

Ќе почувствувате дека повторно сте почнале да го контролирате својот живот.

1. ГРИЖА – Прва и најголема причина за стрес е ГРИЖАТА. Грижата е долготрајна форма на страв предизвикана од двоумење. Луѓето честопати учат да се грижат за еден од своите родители, и со повторување на моделот на тоа загрижено однесување, стануваат хронично загрижени. Тие секогаш се загрижени за нешто, речиси цело време. А загриженоста од било кој вид влијае полека на опаѓање на имунитетот и ве прави почувствителни на сите видови болести, од настинка и грип до смртоносните инфекции и болести. Вашата способност да престанете да се грижите претставува појдовна точка за добивање на здрав, избалансиран став, за да сè она што правите за вас биде многу попријатно.

2. СМИСЛА И ЦЕЛ – Втората причина за стрес лежи во недостаток на смисла и цел во животот. Со еден збор, недостатокот на јасни цели кон кои треба да се стремиме. Во работата, главен извор на стрес е лошата организација на времето, која секогаш е предизвикана од нејасни цели и приоритети. Не можете да го планирате своето време извонредно и ефикасно ако не сте сигурни што сакате да постигнете. Вашиот ум е дизајниран на таков начин што се чувствувате задоволни со себе само кога работите на тоа да постигнете нешто што е важно за вас во животот.

3. НЕЗАВРШЕНА РАБОТА – Секој од нас чувствува “огромна потреба за тоа до крај да го заврши започнатото” или “се залага за тоа да ја заврши работата”. Се чувствуваме среќни и задоволни кога ќе ја завршиме работата или кога ќе ја постигнеме целта. А несреќни сме и под стрес, кога оставаме нешто недовршено или ненаправено. Отпочнувањето со работа на нешто што ќе остане недовршено, или само делумно завршено, може да предизвика голем стрес. Дури и да набљудувате некој што почнува да прави нешто и не го завршува започнатото, претставува стрес.

Одложувањето е најраспространетиот пример за незавршена работа. Секогаш кога ќе оддолговлекувате, особено важни задачи, вие доживувате стрес. И колку е поважна задачата или одговорноста, толку повеќе доживувате поголем стрес и повеќе го губите менталниот мир. Овој стрес на крајот се манифестира на менталниот план во форма на несоница, негативни емоции и лесна вознемиреност.

4. СТРАВ ОД НЕУСПЕХ – Овој страв обично се манифестира преку неодлучност, загриженост и грижа. Стравот од неуспех е условна реакција научена во детството. Секој до одреден степен се плаши од некои работи што треба да ги направи. Стравот ве прави внимателен, што е добро кога сте умерени во тоа. Но, тогаш кога стравот од неуспех премногу ќе земе замав, може да стане главна пречка на патот кон вашиот успех и среќа. Кога се соочувате со стравови и се движите кон нив, почнуваат да исчезнуваат и да се намалуваат. Но, кога се тргате од некоја личност или ситуација од која се плашите, стравот станува сè поголем, сè додека целосно не почне да доминира со вашиот живот.

5. СТРАВ ОД ОТФРЛАЊЕ – Овој страв се јавува кога премногу ви значи да добиете потврда од други луѓе. Стравот од отфрлање обично се учи многу рано во детството како резултат на моделот на однесување во кој родителите кај детето ја “условуваат љубовта”.

6. ОДРЕКУВАЊЕ – Одрекувањето лежи во срцето на стресот, несреќата и психосоматските болести. Негирање е постапка на лицето кое одбива да се соочи со непријатната реалност. Ова ќе се случи тогаш кога не сакате да признаете дека постои област на животот во која трпите неуспеси. Потоа прибегнувате на сето тоа да одбивате да го видите и се преправате дека се е во ред. Сепак, она што во психата се акумулира – телото го изложува. Кога одбивате да ги видите фактите доволно долго, тоа почнува да се манифестира на физичкиот план. Негирањето на делот од реалноста предизвикува несоница, главоболки, дигестивни проблеми, депресија, бес и често ве фаќа грозница.

7. БЕС – Бесот е можеби најдеструктивен од сите емоции. Испади на лутина можат да предизвикаат срцев и мозочен удар, пукање на крвните садови, да предизвикаат чир, мигрена, астма и болести на кожата од сите видови. Неконтролираниот бес е уништување на бракови и врски, ја уништува личноста на децата во развој, придонесува за губење на работното место и кариера и претставува извор на повеќе несреќи отколку било која друга емоција.

loading...