7 клучни прашања пред веридба

1509
Booking.com INT

Брачните терапевти советуваат дека пред да ја објавите веридбата добијте одговори на важни прашања кои се однесуваат на семејството и пријателите на партнерот, што сака да јаде, неговите мислења за едукација на децата, посветеност на работата …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Уживате во врската и подготвени сте за чекор понатаму … Пред да одлучите на сите ѕвона да ја објавите веридбата, би требало да ги дознаете одговорите на овие седум прашања.

Неговото (нејзиното) семејство и пријатели

Многу е важно да се запознаете со најблиските лица на вашиот иден брачен другар. Можеби звучи премногу очигледно, но тоа е така. Членовите на семејството, како и блиските пријатели, можат да откријат многу за мааните и доблестите на саканата личност.

Она што тој (таа) сака да ја јаде

За да бидете меѓусебно среќни, треба да ги знаете и запомнете навиките на партнерот. Каков вид на кафе пие, која е неговата омилена храна или пијалок, дали е алергичен на некој вид храна … Овие навидум мали работи, играат важна улога во заедничкиот живот.

Политика и религија

Пред судбоносното “да” верениците треба да зборуваат за својата политичката ориентација и религија, затоа што тоа се рефлектира и во односите во бракот и одгледувањето на децата. Дури и ако не се согласувате во уверувањата, важно е да можете да разговарате мирно, без расправии и со разбирање.

Едукација на деца

Многу парови се соочуваат со голема криза во врската дури кога ќе добијат деца. Важно е во овој поглед да имате слични ставови или да се надополнувате, а ако едниот е попустлив, другиот нека “тренира строгост”.

Каде одат парите

Дали знаете како вашиот партнер ја троши својата плата и од што живее, ако нема работа? Ако еден од партнерите е расипник и троши без да размислува за иднината, а додека другиот секогаш штеди, неизбежни се секојдневните несогласувања во бракот.

Колку е посветен на бизнисот

Ако и на кратко романтично патување саканата личност носи лап-топ, да заврши “некои ситни обврски”, замислите што ќе биде тоа во бракот. Можеби сега тоа не изгледа како проблем, но кога ќе живеете заедно и добиете деца, а слободните денови и викенди ги подредувате на кариерата, навистина ќе ви пречи.

Мааните поважни од доблеста

Љубов е кога засакате некого поради неговите маани, а не доблести, е стара индиска поговорка. Дали ја запознавте добро саканата личност? Ако ви се чини дека е совршена, тоа значи дека не сте, а недостатоците ќе “испливаат” во заедничкиот живот. Не се ветувајте некому “во добро и во зло” додека не ја запознаете “темната страна” на саканата личност.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...