7 реченици кои ниту во сон не смеете да ги изговарите пред своето дете

1525

Да се биде родител бара да се биде одговорен за многу работи, па дури и кога е изборот на зборови во прашање.

Случајно изговорните фрази можат да го променат погледот на детето на светот или дури да влијаат на развојот на лошиот карактер и на моралните карактеристики кај вашите деца.

Еве кои се најчестите фрази кои негативно влијаат на менталниот развој на децата и како можете да ги промените на подобро.

7. “Мора да ги слушаш возрасните”

Кога ќе го чуе ова, детето ќе помисли: “Сите возрасни се паметни и добри. Јас морам да правам што тие ми кажуваат.” Оваа фраза е опасна, бидејќи детето ќе почне да им верува на сите возрасни лица, вклучувајќи ги и странците и нема да очекува дека можат да му наштетат.

Правилна фраза: “Мора да ги слушаш родителите.” Ова помага да детето се развие, и да развие критичко размислување и здрава недоверба кон странците.

6. “Престани да плачеш”

Кога ќе го чуе ова, детето ќе помисли: “Лошо е да се покажуваат чувствата. Ќе ме караат поради солзите”. Може да стане тивко и повлечено. Потиснатите емоции порано или подоцна ќе се манифестираат преку агресија или солзи.

Правилна фраза: “Кажи ми што те мачи. Зошто плачеш?” Ако детето паднало или се удрило, обидете се со: “Дали плачеш поради тоа што те боли, или зашто си се исплашил?” Ова ќе поттикне разговор кој ќе му помогне на детето да ги запознае своите чувства.

5. “Не биди алчен!”

Кога ќе го чуе ова, детето ќе помисли: “Морам сѐ да делам, Ништо не е само мое.” Со време, ваквите мисли можат да доведат до развој на жртвено однесување. Тоа нема да ги штити своите вредни работи или имот, сметајќи дека не е вредно за нив.

Правилна фраза: “Дали сакаш да дозволиш ова дете за кратко време да поигра со твоите играчки? Можеби би можеле да разменувате играчки на некое време?” Дајте му на детето можност само да управува со своите работи. Ако е против делење, немојте да инсистирате на тоа.

4. “Кој те научил на тоа?” (кога е во прашање немирно дете)

Кога ќе го чуе ова, детето ќе помисли: “Моите родители не знаат дека јас сам го направив тоа”. Така детето ќе мисли дека ќе поминува без казна, префрлувајќи ја вината на другите.

Правилна фраза: “Зашто си го направил тоа?” Вака ќе дознаете дали само детето дошоло на таа идеја или некој го поттикнал. Дајте му можност да ги објасни своите акции.

3. “Погледни го ова прекрасно девојче”

Кога ќе го чуе ова, детето ќе помисли: “Јас сум полош од другите. Нема смисла да се обидувам, нема да успеам”. Споредувањето на детето со другите негативно влијае на неговата самодоверба, правејќи да мисли дека никогаш нема да постигнува ништо.

Правилна фраза: “Јас те сакам. И ти можеш тоа да го направиш.” Укажете му на неговите способности и покажете дека верувате во него. Запомнете, вашето дете е уникатно и има свои способности.

2. “Дома ќе зборуваме”

Кога ќе го чуе ова, детето ќе помисли: “Родителите можат да ме повредат. Тие не ме сакаат. Не сакам да одам дома.” Родителите не се повеќе оние кои сакаат, туку се закана, а куќата станува место каде што детето очекува казна.

Правилна фраза: “Ќе ти кажам што ме вознемирило”. Кога ќе го чуе вашето видување на стварите, детето ќе ги зема во предвид вашите чувства при секоја следна акција.

1. “Сè уште си мал да мислиш за тоа”

Кога ќе го чуе ова, детето ќе помисли: “Сакам да знам. Ќе прашам некој друг.” Ако вашето дете ви поставува нелагодно прашање, а не добива одговор, ќе ги побара од други извори – многу помалку компетентни.

Правилна фраза: “Не сум подготвен веднаш да ти одговорам. Потребно ми е малку време.” Не одбивајте го детето. Ако ви постави прашање, обидете се да одговорите. На овој начин, ќе останете авторитет во неговите очи и нема да ја изгубите неговата доверба.

loading...