8 работи кои чувствителните луѓе ги прават поинаку

3309

Дали ви велат дека сте премногу чувствителни? Ако одговорот е да, тоа воопшто не е негативна забелешка – чувствителните луѓе се едни од пострастните и поинтересни луѓе во светот, така што немате од што да се срамите.

Ако сте имале среќа и таква личност ви станала партнер, држете ја цврсто, бидејќи тие се навистина посебни и ретки.

Еве 8 работи кои чувствителните луѓе ги прават сосема поинаку

1. СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСИЛНО ОД ВАС
Јасно е дека чувствителните луѓе поинтензивно ги чувствуваат стимулите од околината, а тоа е затоа што тие ги обработуваат сите информации на едно подлабоко ниво, поради силна интуиција. Тоа може да значи дека чувствата ќе ги понесат и дека полесно се расплакуваат. Исто така, тие чувствуваат ствари кои никој друг не би ги забележал. Вашите чувства секогаш подобро ќе ги препознаат од вас самите.

loading...

2. НЕ ПРАВАТ РАЗЛИКИ МЕЃУ ЛУЃЕТО
Чувствителните луѓе ја гледаат душата пред останатото и според неа ги оценуваат луѓето. Надворешноста за нив не претставува ништо. Никогаш нема да судат за другите затоа што мислат дека сите сме во основа исти.

3. САКААТ ДА ГИ СЛУШААТ ДРУГИТЕ
Чувствителните души сакаат и знаат да ги слушаат другите, ретко зборуваат за себе и за своите емоции. Тие се полни со разбирање и навикнати се на тоа луѓето да им се обраќаат за помош. Тие сметаат дека се должни да му помогнат на друго лице.

4. ГО НОСАТ СРЦЕТО НА РАЦЕТЕ
Ова можеби е очигледно, но чувствителните луѓе често реагираат со срцето, а не главата, и поради тоа инстинктивно однесување кажуваат и она што не го мислат. Сепак, тие се рационални луѓе.

5. ПОТРЕБНА ИМ Е САМОТИЈА
Тие сакаат да поминат извесно време сами со себе за “да ги наполнат батериите” и да се соочат со сите чувства што ги засегаат. Тоа време може да го поминат во природа или во кревет. Бучавата и толпата ги исцрпуваат. Дајте им малку време и ќе ви се вратат среќни.

6. ПОТРЕБНО ИМ Е МНОГУ ПОВЕЌЕ ДА ДОНЕСАТ ОДЛУКА
Кога некој е чувствителен, сите информации се обработуваат многу подолго, бидејќи тие ги забележуваат сите детали кои другите нема да ги допрат. Нивните одлуки често се поткрепени со точни информации.

7. МНОГУ СЕ ИНТУИТИВНИ
Можно е дека тоа е нешто во што е тешко да се поверува ако сте партнер или пријател на ранливо лице, но тие имаат силна интуиција и чувствуваат кога нешто не е во ред. Не ги лажете чувствителните луѓе, тие ќе потрошат многу енергија обидувајќи се да “ве присилат” да ја кажете вистината.

8. ТИЕ СЕ СТРАСТНИ
Со голема чувствителност доаѓа и страста. Тоа не се однесува само на страст во креветот (иако се на глас како најдобри љубовници), тие се страстни и во сите врски … Кон луѓе или кон природата. Тие сакаат длабоко и силно, па бидете внимателни со овие посебни луѓе.

Ако сте чувствителна личност, знајте дека сте скапоцени и дека светот би бил подобро место за да ве има повеќе! Ако вашиот партнер е толку чувствителен, негувајте ја неговата душа и ќе уживате во сите придобивки на љубовта која никој друг не може да ви ја даде.

loading...