8 ствари кои само мајките на момчињата можат да ги разберат

3426
Booking.com INT

Како женско, сигурно не сте можеле ниту да замислите што ве чека кога сте откриле дека ќе родите момче.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Веројатно се сеќавате како сте се однесувале и со што сте играле во детството, па сте биле, во најмала рака, шокирани кога Барбиките и чајанките биле заменети со викање, качување и константо кршење на ствари.

Одеднаш, мирот и тишината во куќата повеќе не постојат, а алишта буквално не можете да се наперете. Погледнете кои уште други работи само мајките на момчињата можат да ги разберат.

1) МОМЧИЊАТА НАЈДОБРО ГУШКААТ

Момчињата даваат најубави прегратки и најубави бакнежи. Кога синот ве гушка, тоа е вистинска и чиста љубов. Не постои скриен мотив кој му е во главата. Момчињата сакаат едноставно и искрено. Нема ништо поубаво или почисто од љубовта на момчињата кон нивните мајки.

2) ПРДЕЖИТЕ СЕ НАЈСМЕШНИ

Или барем вашиот син мисли дека се смешни. Момчињата од раните денови стануваат “талентирани” за ослободување на гасови, и тоа колку позвучно толку подобро. Исто така, колку се посмрдливи, толку им се посмешни. Ако имате повеќе момчиња, во вашата куќа ќе свири вистинска симфонија. Помирете се со тоа, нема да ја добиете оваа битка.

3) Сè ЌЕ СТАНЕ ПОКРИЕНО СО МОЧКА

Навистина, речиси сè. Даската на WC шолјата, подот, престилката во бањата (која веројатно веќе до сега сте ја промениле 156 пати поради својот син) … па дури и ѕидот и работ на кадата. Понекогаш успеваат да стигнат до местото за кое се прашувате како успеале воопшто да достигнат.

4) СЕКОЈ ПРЕДМЕТ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПИШТОЛ

Факт е дека момчињата сакаат пиштоли. Но, и кога не сакате да им го купите, тие ќе го направат своето оружје од ништо. Дезодоранси, картон од тоалетна хартија, банана, па дури и својот прст. Дури и во ситуации од претходната ставка. Сепак, не можете да излезете на крај со борбите со пиштоли и мечот. Момчињата така сакаат да играат, но сепак би требало да разговарате со нив за вистинските пиштоли и значењето на човечкиот живот. Но, немојте да полудувате ако ненадејно шампонот за коса стане пиштол. Тоа е нивната најголема забава.

5) МОМЧИЊАТА СЕ ФИЗИЧКИ АКТИВНИ

Од раѓањето, момчињата доминираат во просторот во кој живеат. Тие скокаат по мебелот, еден по друг, се тепаат и шутираат без причина. Момчињата ги кршат работите, вие викате, тие ќе се поместат наназад и ќе скршат и нешто друго. Експертите велат дека ова однесување кај момчињата помага да ја развијат врската со луѓето и интелигенцијата. Сепак, сè треба да има своја мерка.

6) МОМЧИЊАТА НЕ СЛУШААТ

Навистина, момчињата не умеат да слушаат. Сепак, тоа не е нивна вина, бидејќи истражувањата покажуваат дека момчињата се помалку чувствителни на слухот од девојчињата. Девојчињата подобро разбираат врз основа на интонацијата она што некој сака да каже, додека момчињата не го знаат тоа. Затоа, вашиот син може целосно да го игнорира вашето барање за да ги тргнете играчките од подот. Можете да го повикувате повторно и повторно и повторно ништо. Но, тоа е разбирливо, бидејќи тој е момче.

7) ОБЛЕКАТА НИШТО НЕ ИМ ЗНАЧИ

Многу е полесно да се купува облека за момчиња отколку за девојчиња. Не им е гајле со што ќе се наметнат. Од друга страна, некако ќе успеат да го уништат она што и да му купите. Буквално, сè ќе скинат, ќе извалкаат со трева, кал, храна, па дури и со работи од непознато потекло. Ќе треба да се помирите со тоа, да се исплачате за фрлените пари и да продолжите понатаму. Сепак, мора да го облечете во нешто, нели?

8) МОМЧИЊАТА САКААТ БЕЗУСЛОВНО

Ова е можеби најважното нешто што секоја мајка го учи од својот син. Момчињата сакаат безусловно, со целата душа и тело. Момчињата се многу чудни, сакаат да наредуваат, игнорираат, да се лутат и упорно да молчат. Сепак, момчињата се силни кога станува збор за нивната љубов и од самиот почеток, ако тие сакаат, ќе ве сакаат засекогаш. Секоја мајка вели дека од своите синови научила што е вистинска љубов, и покрај тоа што не се вклопува во она што сте замислувале кога сте дознале дека носите момче, сигурно ќе признаете дека сепак испаднало подобро отколку што сте очекувале.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...