9 едноставни работи кои ќе ви го олеснат животот

8554
Booking.com INT

Дали сметате дека нема многу филозофија околу отворање кеса чипс, сечење леб или отворање сок во тетрапак?

Bitcoin Exchange CEX.IO

Изгледа не сте во право, бидејќи се покажало дека повеќето луѓе погрешно ги прават овие работи.

Секогаш има многу полесни, поедноставни и поелегантни решенија, а бидејќи никогаш не е предоцна да научите нешто ново и да го напаравите животот полесен, ви нудиме листа на работи кои можете да ги направите на многу поубав и поедноставен начин.

1. Сечење леб без трошки

За да избегнете куп трошки, применувајте го само ова едноставно правило: Ставете го лебот на даска или маса свртен наопаку, со заоблениот дел свртен надолу.

2. Фиока под рерната ја задржува топлината на храната

Секој пат кога подготвувате оброк во рерна, се загрева и фиоката под неа. Затоа, ако подготвувате повеќе јадења и сакате сите да останат топли, само ставете ги во оваа фиока.

3. Правење сендвичи со шунка

За да направите совршен сендвич со шунка, земете две големи парчиња шунка, пресечете ги на половина и поставете ги сите четири парчиња на леб, со рамните рабови свртени однадвор. Идеално, нели?

4. Претворете чаша во звучник

Ако слушате музика од мобилен, само ставете го во празна стаклена чаша. Звукот ќе биде многу посилен, исто како мобилката да сте ја приклучиле на звучник.

5. Обесете тоалетна хартија правилно

Најдобар начин да ја закачите тоалет хартијата е крајот кој се кине да го обесите спротивно од страната на ѕидот. На овој начин ќе биде многу полесно да се откине потребната количина на хартија. Покрај тоа, нема да морате да допрете ѕид каде што може да се најдат многу штетни бактерии.

6. Ставање парфем само зад увото и на вратот

Нема потреба да ставате парфем на зглобот од раката и да ги триете, затоа што на тој начин се создава топлина, заради која горните ноти на парфемот брзо испаруваат.

7. Држање чаша вино

Чашата вино треба секогаш да ја држите исклучиво за рачката. На овој начин ќе спречите топлината на вашата рака да го загрее виното и да го расипе вкусот.

8. Држење сок во тетрапак

Знаеме дека мала количина сок може да остави дамки на облеката, а за тоа сте особено свесни ако имате мали деца. Научете ги вашите деца дека најдобар начин за пиење сок без истурање е да го фатат за малите крилца од страната на паковањето.

9. Отворање кеса чипс

Дали сте знаеле дека чипс од кеса можете да јадете на многу полесен начин и со многу помалку неред? Прво отворете ја кесата, а потоа почнете да го виткате дното на кесата угоре, туркајќи го чипсот кон врвот. На овој начин нема да морате да ја ставате раката во кесата и вашите раце и прстите ќе останат чисти. Покрај тоа, на овој начин ќе направите мала чинија која лесно можете да ја ставите на маса.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...