9 начини као да искористите лимон за чистење на куќата

1247
Booking.com INT

Ако одлучите да го користите во домаќинство, многу наскоро ќе сфатите дека лимонот е вистинска ѕвезда за одржување туш кабини, микробранови печки, миење прозорци …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Прочитајте за деветте совети како да го искористите ова овошје во хигиенски цели.

Ако одберете да ја исчистите куќата со лимон, освен тоа што на природен начин ќе се отстранат нечистотиите, ќе заштедите и пари.

Поради високата киселост лимонот е моќен антибактериски чистач и сериозен непријател за бактериите. Џули Еделман, автор на книгата “Како да ја одржувате куќата, чекор по чекор”, препорачува лимонот да се користи и за освежавување на алиштата, полирање метални садови, дезинфекција на кантите за отпадоци, а особено површини во бањата и кујната.

ОСВЕЖЕТЕ ГИ ОДВОДИТЕ

Неколку капки целосно ќе ги исчистат одводите, а ќе остават чист и јасен мирис. Ставете парче лимон во делот каде што се меле ѓубре, вклучете го, а потоа пуштете топла вода. Кога лимонот ќе се сомеле и вашата мелница за џубре ќе биде чиста.

СЈАЈ ЗА МЕТАЛ

Бакар, месинг, хром … за да исчистите и да го вратите сјајот искористете лимонска киселина – лесно се пробива низ наслаги на минералите и лесно ги отстранува нечистотиите. За подобар ефект на рибањето (чистење со триење), натопете ја кората на лимонот во малку сол, а потоа тријте.

ИСЧИСТЕТЕ КАДА

Наместо силни абразиви, направете си совршено средство за чистење на бањата: исцедете шест лимони, истурете го сокот во сад со пумпичка. Остатоците од сапун, каменец и друга нечистотија ќе исчезнат за час, а површините ќе бидат дезинфицирани.

ДОБАР Е И ЗА САДОВИ

Кога ќе ви снема детергент за садови, а продавницата не работи – измешајте половина кесичка од сода бикарбона со парче лимон. Нечистотијата ќе исчезне со магична брзина, а вашите раце нема да се оштетат.

НАМИРИСАЈТЕ ГИ АЛИШТАТА

Додајте мала лажичка сок од лимон за време на машинското перење алишта. Чорапите убаво ќе мирисаат, како и гардеробата на која нема да ги почувствувате трагите од пушење.

ПОГЛЕДНЕТЕ НИЗ ПРОЗОРЕЦОТ

Измешајте четири лажици сок од лимон и 2 литри вода и ќе добиете совршен прочистувач за чистење на прозорци. Киселината лесно ќе ја извади нечистотијата, флеките од вода, а прозорците совршено ќе светат.

ДОТЕРАЈТЕ ЈА КУЈНАТА

Исцедете половина лимон на работната површина во вашата кујна, особено даската на којасечете намирници. Оставете да отстои десет минути. Флеките ќе исчезнат, а кога ќе нарендате малку кора од лимон на овој дел ќе исчезнат и сите бактерии.

ЗБОГУМ НА НЕЧИСТОТИЈАТА НА ЗАФРЛЕНИТЕ МЕСТА

Направете паста од сок од лимон и боракс (натриум борат). Со четка за заби користите го оваа миризливо средство за чистење плочки, мали делови околу мијалникот, чешмата, места каде што сте забележале дека лесно се создава каменец.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...