9 оптички илузии кои никој не ги остава рамнодушен | Фото/Видео

588

Знаеме дека ги сакате овие трикови, на крајот на краиштата, како и сите ние.

Оптичките илузии го интригираат човечкиот род од дамнешно време и се обидуваат да ги поместат границите на човечката перцепција.

Денес, тие се многу популарни, па ви подготвивме 9 блескави оптички илузии! Тестирајте го видот и умот, тренирајте ги клетките на мозокот и не дозволете да се излажете!

loading...

Верувајте нѝ, тие нè фрлија во ребус!

1. Бесконечно чоколадо

Чоколадната табла 5×5, кога ќе се исече и аранжира како што е прикажано погоре, создава една дополнителна коцка. Направете го овој трик со вистинско чоколадо или внимателно набљудувајте.

Beskonačna čokolada

2. Илузија на дрвени летви

Видете ги овие дрвени летви. Во зависност кој крај го гледате, изгледаат како да се една на друга или една до друга.

3. Илузија на “ѕид на кафуле”

Иако на прв поглед се чини дека линиите се закривени, тие всушност се паралелни. Оваа илузија ја открил R. Gregor во кафе бар во Бристол, па оттука и името.

4. Илузија на “Кривата кула во Пиза”

На прв поглед делува дека кулата на десната слика е повеќе навалена, отколку онаа на левата страна, но сликите се всушност идентични. Нашиот визуелен систем гледа две слики како дел од целото, па така поради тоа ни делуваат поинаку.

5. Точки кои исчезнуваат

Секоја од 12-те виолетови точки исчезнува на околу 0,1 секунда, движејќи се во круг, а ако гледате крст во центарот, ќе видите зелена точка која се движи во круг, а виолетовите точки ќе исчезнат целосно.

Tačke koje nestaju

6. Црно бела илузија

Погледнете во четирите точки во центарот на сликата, а потоа погледнете во ѕидот и трепкајте. Што гледате?

Crno bela iluzija

7. Дисколорација

Ако ја набљудувате белата точка во средината околу 30 секунди, ќе забележите дека шарените точки ја менуваат бојата или исчезнуваат сосема.

8. Брод или лак на мостот?

Оваа илузија е вистинско уметничко дело на Roba Gonsalves, канадски сликар на магичен реализам. Зависи од тоа каде гледате, ќе видите или лак на долг мост или едра на брод.

9. Коцка и две идентични форми

Илузија на Крис Вестал. Шолјата е на маса, а веднаш до неа е коцка со помала шолја на врвот. Сепак, ако погледнете од друг агол, ќе видите дека коцката е нацртана, и дека шолјите се со иста големина.

loading...