Aвстралиски научник тврди дека ја решил мистеријата на Бермудскиот триаголник | Не се вонземјани, ниту Атлантида, ниту пак гасови на метан …

2079

По 70 години на разни шпекулации и теории на заговор во врска со тајната на Бермудскиот триаголник, австралискиот научник Karl Kruszelnicki тврди дека знае што се случило со бродовите и авионите, кои исчезнале.

Таа е една од најголемите мистерии на модерната ера. Исто така, се нарекува ѓаволски триаголник, кој се наоѓа во северниот дел на Атлантскиот Океан, меѓу Бермудите, Флорида и Порторико.

Karl Kruszelnicki смета дека исчезнувањето на многу бродови и авиони, нема никаква врска со вонземјани или Атлантида, туку станува збор само за човечка грешка, лошите временски услови и фактот дека станува збор за исклучително густ сообраќај во тој дел од океанот.

loading...

Под мистериозни околности во таа област во минатите десетици столетија исчезнале на десетици бродови и авиони, а според непотврдена статистика, во тој дел на океанот досега исчезнале повеќе од 8.000 луѓе. Многу остатоци никогаш не биле пронајдени.

Напади на вонземјаните, присуството на изгубената Атлантида во центарот на триаголникот, необјаснивите сили кои влијаат на компасите и уредите за навигација, временската дупка, гасовите на метан се само некои од теориите со кои до сега се објаснувало исчезнувањето на воздухопловите и бродовите. При тоа потонувањето се смета за најреално. Зборувањата за природно испарување на гасовите, како што е метанот, од подводните карпи кои создаваат меури на површината кои можат да го превртат бродот. Наводно, Кристофор Колумбо од својот брод на патот кон Новиот свет во 1492 година видел чудни светла над таа област.

Kruszelnicki работи на Универзитетот во Сиднеј, а во Австралија е личност која се обидува да ја популаризира науката и да ја приближи до масите.

Австралискиот научник изјави за news.com.au дека важен факт е тоа што Бермудскиот триаголник има голема покриеност на околу 700,00 квадратни километри.

– Тоа е дел од океанот со голем сообраќај. Во близина е екваторот и најбогатиот дел од светот, Америка, и затоа имате тежок сообраќај. Кога ќе го споредите бројот на исчезнувања со голем број бродови и авиони кои минуваат низ Бермудскиот триаголник, нема да најдете ништо невообичаено во тие бројки, вели Kruszelnicki.
– Во однос на податоците на пазарот на осигурување Лојд од Лондон и на американската крајбрежна стража, бројот на исчезнувањата во Бермудскиот триаголник во проценти е ист како било каде на друго место во светот, вели Kruszelnicki.

Една од најголемите мистерии на модерната ера е исчезнувањето на малезискиот авион на летот MH370, кој исчезнал на 8 март 2014 година. Тој исчезнал по полетувањето од Куала Лумпур на пат кон Пекинг.

Со оглед на тоа дека не е локализиран во радиус од 120.000 km², во јужниот дел на Индискиот Океан, потрагата беше прекината. Единствените остатоци од авионот кој досега се пронајдени се делови од авионот кои стигнале до островите Реунион, Маурис и Мадагаскар.

loading...