Aмериканска компанија го „вкрсти“ „Калашников“ со пиштолот „Драко“

978
Booking.com INT

Американската компанија Сенчури Армс успеа да го приспособи „Калашников” на калиброт на пиштолите „Драко НАК“, пишува порталот ammoland.com.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Компанијата веќе подолго време се занимава со „вкрстување“ на обични пиштоли со автоматски оружја. Главна одлика на новиот автомат „AK-Драко НАК-9“, е можноста да се стрела со стандардни шаржери „Глок“.

Според претставникот на компанијата, Џејсон Каравајс, новиот модел е потполно остварување на зацртаната цел – автомат Калашников со деветмилиметарски калибар. Тоа значи дека сопствениците на „Глок“ пиштоли ќе можат да ги користат истите шаржери и за својот нов „Калашников“, вклучително и оние со поголем капацитет од стандардните 17 патрони.

Новиот автоматски пиштол се продава заедно со шаржер за 33 патрони, а малопродажната цена во САД изнесува 724,99 долари.

Century Arms Draco NAK9 Pistol Top-Mounted Picatinny Optics Raill
Century Arms Draco NAK9 Pistol Magwell
Century Arms Draco NAK9 Pistol Magwell Right Side
Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...