Aalborg Zoo | Огнен Анчевски / Фотографии

970

Јас сум Огнен Анчевски. Роден сум во Скопје. Фотографирањето од секогаш ме интересирало. Мојата прва фоторафија ја направив на 3 годишна возраст. Како растев и создревав, така впивав повеќе информации за фотографирањето.

Како што стануваше интернетот сѐ по достапен и по достапен, така истражував и се развивав сѐ повеќе и повеќе. Откако завршив средно образование бев на патување со извидници. Посетивме неколку градови и тогаш ја осознав магијата на фотографијата. Тогаш немав дигитален апарат, заради што неможев да ги видам фотографиите кој ги имам направено во тој момент.

Кога се вратив дома ги оставив филмовите да чекаат за да ги однесам на развивање. Така помина некое време и ги подзаборавив тие фотографии. Неразвиени, подоцна на мојот 19ти роденден го купив мојот прв дигитален апарат ( непрофесионален ), но тоа не ме застити тогаш. Барав нови и поголеми предизвици, па така за некоја година покасно го купив мојот прв професионален апарарат.

loading...

Потоа се зголемија и желбите и можностите, па така почнав да навлегувам сѐ повеќе и повеќе во фотографијата. Завршив неколку курсеви кои за мене беа многу голема отскочна даска. Нели сѐ е друго кога има до тебе некој човек које многу поискусен? Тој може да ти покаже и да те научи многу нови работи.

Подоцна се зачленив во волонтерскиот центар ВЦС – Волонтерески центар Скопје. Тие ми овозможија да работам и да одам на семинари. По неколку месеци се отвори место за волонтирање во Данска во една локална телевизија. Тогаш аплицирав.

По избесно време добив меил од директорот на ВЦС преку кој ме известија дека сум повикан на разговор со директорот на данската невладина организација – телевизија. Потоа, ме известија дека сум примен за да бидам дел од данскиот тим (да бидам волонтер во нивната телевизија или скратено ЕВС волонтер). Сега веќе 7 месеци се поминати како сум тука и како работам во телевизијата.

Зоолошката градина е отворена од април 1935 година. Во текот на последните неколку децении, Aalborg Zoo стави повеќе акцент на одржливоста и заштита на природата, а денес тоа игра голема улога во различни глобални проекти за заштита на животните, одгледување, образование, истражување и фокус на саем трговијата.

Aalborg Zoo учествува во многу меѓународни програми за размножување со цел зачувување на загрозените животни. Добитник е на сертификат за животна средина.

Алборг зоолошката градина има оставено свој белег со многу проекти за заштита на природата и животната средина. На пример, Алборг зоолошка градина ги поддржува напорите на Payamino Индијанци за зачувување на 60.000 хектари (150.000 акри) на загрозените дождовните шуми во Еквадор.

loading...