Aokigahara | Шума за самоубиства во која компасите не работат | Фото/Видео

843

Aokigahara се протега на повеќе од 30 км2, во северозападниот дел на планината Фуџи во Јапонија, и се смета за второ место со најголем број на самоубиства во светот.

Густите дрвја ги преплетуваат своите гранки и корења на површина од 30 квадратни километри на северозападниот дел на планината Фуџи, а карактеристично е што растат на стврдната лава, која се излеала во оваа област, по последната голема ерупција на вулканот во 864 година.

На западниот дел на шумата Aokigahara постојат и пештери полни со мраз кои се доста популарни меѓу туристите и децата кои често тука ги водат на излет.

loading...

Но, ова Море од дрвја, како што го нарекуваат Јапонците, не е толку популарно, заради своите природни карактеристики, туку како Шума на самоубиства.

Всушност, секоја година, властите и доброволните волонтери во шумата пронаоѓаат стотици тела на луѓе кои се одлучиле сосема сами да го напуштат овој свет. Така, ова е второ место со најголем број на самоубиства во светот. На првото место е Golden Gate Bridge.

Премин преку густите дрвја на јапонската шума Aokigahara

Од 1950 година, јапонските бизнисмени знаеле да “се изгубат” во шумата и никогаш повеќе да не излезат. Во минатото, ова место служело и за практицирање на јапонската традиција ubasute, односно оставање на стари и немоќни членови на семејството да умрат во зафрлени места.

Јапонската полиција дури и на дрвјата поставила знаци да бидат претходно контактирани пред да се одлучат на фаталниот чекор ..

Пештера во шумата

Јапонските духовници на ова место му припишуваат натприродни моќи. Тие веруваат дека дрвјата ги спречуваат сите, кои влегуваат во областа Aokigahara, од неа да не излезат. На сето ова, како масло на оган, и фактот дека во оваа шума компасите не работат.

Многумина за самоубиствата во шумата го обвинуваат јапонскиот писател Seicho Matsumotо, бидејќи неговите ликови во романот Kuroi Ukiah почнуваат со двојно самоубиство.

loading...