AVE Raúl! Раул испадна главен фраер

1141

Во филозофијата на спортот во која за сè лошо секогаш е одговорен тренерот, а славата подеднакво ја делат играчите – за сите времиња остануваат овие зборови.

AVE Raúl!

Сомнителното вртење со главата за причините заради кои Сергеј Самсоненко влезе во приказната на Вардар, за неговото баснословно вложување, иритирачкото спуштање на клупата, и понекогаш неодмерените ставови – депласирани се на крајот од баладата. Балада од која солзите потекуваат, срцето се кине, но главниот јунак не се убива, туку скока во Рајна со шампањ во рацете.

Рускиот бизнисмен е ктитор.

loading...

Самсоненко на македонскиот ракомет, на спортот и на целата нација им донесе три нешта за „вјек и вјеков“, а на остатокот од светот му покажа како се раѓаат и се реализираат најлудите соништа – како за четири години од потсмев се доаѓа до стравопочит и признание.

Првото нешто е салата Јане Сандански.

Второто е трофејот од челик во облик на рака која држи ракометна топка.

Трето нешто, а сепак прво, е Raúl González Gutiérrez (роден на 8-ми јануари 1970 година во Ваљадолид, Шпанија).

Извесно е дека во минатата ноќ, а сега и во историјата на еден спорт и еден народ, се вградени многу бетонски плочи и инвестирано многу пари, но хартијата не игра, парите не ги бранат последните напади. На страна сѐ ако немате човек од крв и месо, каков што го има Вардар, кој зборува тивко, но зборува многу повеќе од оние кои скокаат и викаат, при тоа и скромен.

Таков беше и во микс – зоната на Lankses арената, каде што луд од реќа, искинат од емоции, уморен и згужван, збунет, одеднаш влетал, додека се чекаше церемонијата и “конечното одбројување” на неговите играчи. Праша каде е прес-конференцијата, одеше напред и назад, како во транс, па кога виде дека никој нема, брзо се врати на терен, за да не го пропушти филмот кој го режираше, а во кој пред Eldorado мораше да ги упука четирите amigosi – Талант, Љубо, Чави и Нока, сите оние кои знаат како е да се биде на врвот на светот.

Раул испадна главен фраер.

Фраер кој од играчот, кој Алфред Гисласон го испратил по bratvurst, по еден месец играње во Кил, направи стартен пивотменот од кој и Никола Карабатиќ се одбива како кегла. Фраер на кој стартниот бек минатата сезона му испадна од Бундеслигата. Фраер кој го направи најсилниот тандем во Европа – Циндриќ-Душебаев, кои како земјата да не ја допираат. Фраер кај кој Канељас повеќе нема да биде познат како оној кој доаѓа во шампиони на Европа, туку со одбрана го парализира секој тим пред кој ќе застане. Фраер кој ја скрати ротацијата во бековска линија, и наместо замор, доби контра ефект – уште поголема енергија. Фраер на кој страшливиот Шишкарев во сенка го фрли еден Генсхајмер. Фраер кој телото и умот на Тимур Дибиров го доведе до совршенство, а од Илија Абутовиќ направи најголем господин меѓу одбранбените играчи. Фраер кај кој во секоја секунда се знае што и како се работи. Фраер на кој играчите не ги превртуваат очите, не прават гримаси и се преправаат дека не го слушаат. Тие не излегуваат со модринки на рацете од штипење и глуви од внесување во фаца кога се даваат команди.

Тој го направи она што никој не го направи, ниту HSV 2013 година, ниту Фленсбург 2014 година, а ниту Киелце минатата година.

Над сѐ, и најважното – Вардар има тренер на кој ниту судиите не му се виновни, ниту противникот е зол, ниту медиумите му се противници. Професионалец кој нема гард на недопирлив. Одмерен во сѐ – вистински.

Шпанецот е пример на неговиот еснаф, каде што секој е најсилен, најдобар, а може тој и тоа да го прави, само едноставно не е роден под среќна ѕвезда. Некои ѕвезди треба и да се заслужат. Македонија, со години потрошени емоции и неверојатна љубов за овој спорт, заслужи ова да ѝ се случи. Таа ја заслужи и оваа генерација.

Таа го заслужи Раул Гонзалес.

Пишува: Жика Богдановиќ

balkan-handball.com

loading...