THURSDAY, 24 JULY , 2014
Флеш вести
Се наоѓате на / Почетна / ЖИВОТ / Здравје и Убавина / Д-р. Слаѓана Велков на ВегеФест 2013 ќе говори за здравјето и долговечноста

Д-р. Слаѓана Велков на ВегеФест 2013 ќе говори за здравјето и долговечноста

1Слаѓана Велков e родена во Скопје 1964 година, а живее и работи во Саудиска Арабија. Студирала медицина во Ниш и Скопје, каде и дипломирала.

Има работено за ОН во Македонија, како лекар по општа пракса на ургентното одделение во Врање и во Кувајт како лекар и менаџер за развој на медицина.

Во последниве неколку години се занимава со бесплатна едукација на луѓето за нивното здравје и самоизлекување со правилна (веганска) исхрана и начин на живот.

Има одржано преку 100 бесплатни предавања, радио и ТВ гостувања во Саудиска Арабија, Индија, Србија, Македонија, Кувајт, Шпанија, Австралија и Бугарија.

Во рамките на овогодинешниот ВегеФест, д-р Слаѓана Велков ќе одржи предавање (од отворен и интерактивен тип), за тоа како да ги зачуваме здравјето и долговечноста, а сето тоа низ призма на одговорен и етички начин на живот.

Ова е едно животно-важно и фундаментално прашање, по чиј одговор трагаат, без исклучок, сите луѓето ширум светот.

skopjevegefest

2

Автор: Кукурику

Кукурику
Подобро еднаш да прочиташ, отколку сто пати да видиш...