End of School Year Party Vol.2 Goodbye School, Hello Summer !!!

335

Се гледа крајот драги дечиња. Многу беше уште малку остана. Јуни е стресен период за сите ученици, и од основно и од средно училиште, токму поради екстерните полагања. Но, во сабота сите завршуваат со училиштето. Нема повеќе испрашувања, рани станувања, екстерни и повторувања.

Break the Floor 1

Токму затоа инструкторката Ева Пејова, која ги води часовите по Модерни и спортски танци при Балетското студио Break the Floor од Штип, по барање на своите ученици, организира голема HipHop & RnB Забава на 11 јуни, сабота, во Штип. Забавата ќе се одржи во Дом на млади – Штип и сите ученици се поканети, заедно да го прослават крајот на школската година. Настанот ќе почне во 20:30 ч. со едночасовна програма на децата од Балетското студио Break the Floor, кои ќе се престават со 11 автентични кореографии и ќе продолжи со HipHop & RnB Забава со DJ Dopeman & DJ Goldie.

Break the Floor 2

Балетското студио Break the Floor постои веќе 7 години, настапува редовно на сите општински манифестации, меѓу кои и Фестивалот на забавни мелодии Макфест кој беше актуелен деновиве, национални и интернационални натпревари, Аеробик конвенции и како што велат тие „секаде каде сме поканети“.

Break the Floor 3 Break the Floor 4

loading...