I DON’T KNOW YOUR NAME – Нова песна на Мартија Станојковиќ | Видео

537
Booking.com INT

Новата песна на талентираната Мартија Станојковиќ е насловена I DON’T KNOW YOUR NAME или во превод: “Не го знам твоето име”.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Оваа песна припаѓа на стилот на музика кој Мартија со задоволство го пее и полека станува нејзин препознатлив печат, музика по која нејзините фанови и слушателите генерално ја препознаваат.

После нејзиниот прв сингл LOVE WILL LEAD OUR WAY, песната со која ја претставуваше Македонија на јуниорскиот евросонг 2016 во Малта, а која наиде на одличен прием кај нејзините фанови таа е спремна за нова музичка авантура со нова песна која ќе ја промовира на своите ФБ и Инстаграм профили во текот на утрешниот ден. (понеделник 15.05.2017).

Комплетен автор и продуцент на I DON’T KNOW YOUR NAME е Александар Масевски.
Иако Мартија е многу млада (13 години) таа сака да пее сериозни песни кои лежат на бојата на нејзиниот вокал, песни кои најмногу ги чувствува и каде што најмногу може да ги покаже своите вонсериски гласовни способности.

За оваа песна ќе биде снимен и видео запис но засега покрај нејзиното емитување на македонските радио станици, ќе имате можност да ја слушате и аудио/текст верзијата на јутуб.

Се надеваме дека песната ќе ви се допадне и дека ќе го најде своето место во вашата програма.

Ви благодарам на поддршката и срдечен поздрав,

Александар Масевски

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...