KOLJA SPÖRI | Не лажат лидерите и медиуми | Човекот кој патува онаму каде што не смее да се патува

1562

Германецот Коља Спори е човек, кој е светски патник во витинска смисла на зборот, но за разика од останатите, тој не ужива на Бали и во Канкун, не оди под светлата на Токио или Њујорк, туку на места како што се Чеченија или Сомалија. 

Во интервјуто за Би-Би-Си Спори вели дека сака да патува на места означени како „зони на конфликт“, за талка низ пустините на Сибир и по непризнатите одметнички републики на поранешниот Советски сојуз.

Спори е авантурист и скептик одгледан во Германија, син на таен агент, а моментално живее во Монако. Верува дека масовните медиуми и светските лидери, во поголемиот дел од Западот, сакаат да ги уверат луѓето дека светот е „страшно место“

Живее во Монако, но кога гледа дека за некоја земја се зборува со одвратни епитети го пакува ранецот и заминува за да види што се крие зад „официјалната верзија“.

– Владите сакаат да всадат страв меѓу населнието, за да ја сочуваат својата сила. Безбедносните системи зависат од стравот во луѓето, од стравот од криминал и тероризам. Меѓутоа во реалноста таква опасност не постои, вели тој.

Според него секоја земја е достапна за „светските патници“, доколку ги повлекуваат вистинските чекори.

– Морате да бидете свесни и да научите да ги избегнувате вистинските опасности. Бев во Доњецк и таму по цел ден се слуша артилериски оган, но ти никогаш не си во вистинска опасност. Бев фасциниран од тоа како обичниот живот тече, со постојано гранатирање, вели Спори.

Тој нагласува дека официјалната вериија е претежно целосно лажна и оти тоа може да се открие само на патувањата.

– Бев во Бенгази за време на немирите, бев во Доњецк, во Авганистан и главен впечакот ми е тоа колку животот е нормален доколку го избегнуваш фронтот. Кога ги слушаш медумите, изгледа дека тие места се пекол на земјата, но обично не е така, вели Спори.

Во врска со местата кои не звучат, како места од кои се враќа воодушевен тој вели: „Тоа се Грозни во Чеченија, Таџикистан, Судан и Иран. Според официјалната верзија овие места се прикажани како опасни, дека се дел од Оската на злото, но тоа не е така. Грозни толку многу се измени од 2009 година до кога таму беше воена зона. Сега е буквално како од бајките и потсетува на Дубаи. Тоа е безбедно, интересно, но и луксузно место“.

Тој нагласува дека Таџикистан и натаму е „помалку груб“, но преубав, додека Иран е само претставен како непријател на Западот.

– Тоа е преубава земја, луѓето се пријателски настроени. Судан е претставен како опасен, но Картум е развиен и таму има многу интересни места, вели Спори.

Тој нагласува дека луѓето во муслиманските земји се погостопримливи од луѓето во христијанските земји.

loading...