FRIDAY, 24 OCTOBER , 2014
Флеш вести
Се наоѓате на / Почетна / ЖИВОТ / Дом и семејство / Креативни идеи за забава на вашите деца – момчиња

Креативни идеи за забава на вашите деца – момчиња

Мајките често се жалат дека нивните синови не се расположени за креативност, па кога треба да цртаат, или да сечкаат, нешто да лепат, или едноставно да творат нешто, на помош сè уште ја викаат својата мајка.

Разбудете ја креативноста кај вашите деца – момчиња избирајќи интересни проекти на “машки” теми.

Собравме на едно место голем број на “изработи сам” идеи што можеби ќе ви помогнат. Вие ќе бидете во можност да се играте заедно со вашето синче со часови, допуштајќи вашата имагинација да му ја пренесете и нему…

Командна табла

Машките и автомобилите одат заедно веројатно од раѓање. Замислете момче кое прави ваква табла за супер игра. Едноставно совршено!

Коњ од стари чорапи

Оваа идеја е онаа вистинската ако имате момчиња каубојци.

 

Авион

Брзо се прави, а и брзо лета.

 

Робот кој црта

Роботиката е уште една интересна тема за забава. Што велите на мал робот кој црта?

 

Гитара

Одлична идеја за секој рокер. Вклучете  задолжително и малку добра музика!

 

Бетмен маска

Маски на суперхерој од пластични  шишиња.

 

Автомобили за  носење

Убаво нешто за забава и надвор од куќата.

Ракета

Од пластични шишиња и малку алуминиумска фолија  може да се направи супер ракетата.

 

Рампа

Уште една идеја како да се игра со автомобили.

 

Пронајди на сликата 

Оваа идеја не импресионира! Ако сакате да фотографирате, совршена е за вас. Сликајте предмети на купче и детали, ставете ги сликите во албум и дајте му на детето задача да ги пронајде деталите на сликата, да ги препознае предметите, да ги изброи и итн.

 

Место за одмор

За моменти на релаксација можете на детето  да му обезбедите мека површина за уживање.

 

Сончевиот систем

За сите мали научници одлична идеја е и правење на Сончевиот систем.

 

Мантијата (наметката) на суперхеројот

Сигурно и твоето момче има свој супер херој. Направете му наметка и  маска за игра.

 

Кутии чудовишта

Ова ќе биде добра причина за малку седење, сечкање и лепење.

 

Фото – апарат

Искористете ги  работите, што инаку би се фрлиле, за правење на овој фото апарат.

 

Божем се прскате

Сите деца сакаат мали “зезанции” и вашето дете нека испрска божем со кечап или со сенф некој од своите другари за забава …

 

Проектили – Ракети

Искористете ги предностите на картонските ролни за да направите прекрасни ракети.

Масичка за играње

Лего е проблематична  игра бидејќи лесно може да се најде насекаде по цела куќа. Може да се избегне хаосот така што со една мала лента на масичка направете писта за игри. Залепете го сето тоа и почнете со играта.

 

Лути птици

Малку боење и подготвен сет за гаѓање.

 

Мобилна писта

Уште една мобилна игра. Пистата сместена во вашата торба е одлична за посета на пријатели без деца, во чекална, во природа, и итн.

Автор: Кукурику

Кукурику
Подобро еднаш да прочиташ, отколку сто пати да видиш...