Mоќта сериознo го оштетува мозокот | Последиците можат да бидат трајни доколку сме долго на власт, се губи почитувањето према другите

945

Кога моќта би се продавала на рецепт како што се продаваат лековите, несаканите ефекти би биле долготрајни, бидејќи, можат да дејствуваат токсично и да ги расипе луѓето …

Може да ги убеди не само политичарите дека се потомци на самиот Месија, дека се секс – симболи дури и тогаш кога ќе ја види убавината во нив само нивната мајка.

Но, може ли моќта да предизвика оштетување на мозокот? Одговорот е потврден, вели Sukhvinder Obhi, научник невролог од Универзитетот McMaster, Онтарио, бидејќи долготраен премногу мал контакт со реалноста може да предизвика функционални проблеми во мозокот.

loading...

На главите на моќните и на оние кои тоа не се Obhi ставил уред за транскранијална магнетна стимулација (TMS) и откри дека моќта попречува одреден невролошки процес, поточно ја попречува рефлексијата, што е основа на човечката емпатија. Со други зборови, моќта отапува, на пример, почитта и сочувството кон другите, признавање на заслуги, наградувања, со други зборови кажано – сè она што самите сакаме некој да нѝ прави и да нè почитува.

Парадоксот на моќта, како тоа го нарече историчарот Henry Adams, резултира со губење на “капацитет”, кој би требало да биде на прво место. Моќта метафорички ја опиша како еден вид на тумор кој ги убива симпатиите на жртвата! Потврда за тоа се и дваесетгодишните истражувања на Dacher Keltner, професор по психологија од Беркли, кој истакна дека испитаниците под влијание на власта делувале како да “претрпеле сериозни повреди на мозокот – стануваат поимпулсивни, помалку свесни за ризиците и помалку способни да ги видат проблемите на другите луѓе”.

Звучи познато? Сигурно, бидејќи скоро сите сме се нашле во ситуација да некој од позиција на моќ од политичарите до шефовите нѝ го загорчува животот или преку телевизиските екрани нѝ солат памет и се обидуваат да нѝ објаснат дека токму тие имаат неоспорно право.

Obhi во своето истражување со TMS ја следел рефлексијата која се одвива во мозокот и без нашата свест. Испитаниците гледале видео запис во кој некои лица стискале гумена топка. Реакциите биле различни, односно нервните патишта кај група учесници кои немале некоја посебна моќ функционирале добро, додека кај “моќните” таа реакција била уништена, односно повеќе личела како на некој вид анестезија!?

Истражувачите велат дека таа промена може да биде трајна ако моќта трае долго. Со други зборови, би можело да дојде до тн. функционална промена во мозокот! Тоа е причината зошто научниците сугерираат моќниците одвреме на време да се обидат намерно “да комуницираат со реалноста”, со цел да се заштитат од трајното функционално оштетување. Во тоа може да им помогне и некој од средината во која живеат и кои ќе се осмелат да ги приземјат.

Winston Churchill за ова ја имаше неговата сопруга Клементина, која постојано го потсетувала на тоа “каков бил”.

Ех, кога македонските моќници и оние кои за себе мислат дека се, би имале коректор!

loading...