THURSDAY, 31 JULY , 2014
Флеш вести
Се наоѓате на / Почетна / ЖИВОТ / Здравје и Убавина / Најдобар извор на омега киселини – масло од коноп

Најдобар извор на омега киселини – масло од коноп

4Масло од ладно цедени семиња Cannabis sativa прогласено е за совршена состојка за урамнотежена содржина на омега масни киселини.

Инаку, есенцијалните масни киселини не се произведуваат во човечкиот организам и се внесуваат со храна, а многу се важни, бидејќи спречуваат срцеви болести, висок крвен притисок, артритис, па дури и малигни заболувања.

Додека рибиното масло е добар извор на есенцијални масни киселини, особено омега-3, поради контаминацијата на морето и реките, во својот состав може да има жива и други токсини, што не е случај со маслото од коноп.

Со оглед на тоа што има пријатен вкус сличен на орев, маслото од коноп е идеален за употреба во готвење, но не се погодни за пржење бидејќи така се губат драгоцени состојки.

Покрај тоа, утврдено е дека е богата со витамини Д и Е, а посебно се препорачува за жени кои страдаат од предменструален синдром. Може да се најде во аптеките и продавниците за здрава храна.

3

Автор: joxy