Osho | Победете се себе си и станете среќен човек со овие десет совети

82055

Дали е важно кој е посилен, кој е попаметен, кој е поубав, кој е побогат? Затоа што, на крајот на краиштата, важно е само, дали си среќен човек или не.

Десет совети на Ошо избрани од неговите книги:

1. Луѓето прифаќаат сѐ толку сериозно, што тоа станува товар за нив. Учете повеќе да се смеете. За мене, смеењето е свето, како и молитвата.

loading...

2. Секое дејствување веднаш доведува до резултати. Само бидете будни и набљудувајте. Зрел човек е оној кој се набљудувал себе си и пронашол што е за него исправно, а што не е; што е добро, а што е лошо.

Благодарение на тоа, што самиот тоа го открил, има голема самодоверба, дури и ако целиот свет зборува нешто друго, кај него ништо не се променило. Тој има свое искуство, на кое може да се потпре, и тоа му е доволно.

3. Сите ние сме единствени. Никогаш и никого не прашувајте што е исправно, а што не е исправно. Животот е експеримент, во чиј од треба да се дознае што е исправно, а што не е. Понекогаш, можеби постапувате неправилно, но и тоа ќе донесе релевантно искуство, од кое ќе имате корист.

4. Постојат моменти кога Бог доаѓа и тропа на вашата врата. Тоа е љубов – Бог, кој чука на вашата врата. Преку жената, преку мажот, преку детето, преку љубовта, преку цветот, преку зајдисонцето или изгрејсонце … Бог може да затропа на милиони различни начини.

5. Желбата да се биде невообичан – е многу обична желба. Релаксирајте се и бидете нормални – всушност необични.

6. Животот – е мистерија. Невозможно е да се предвиди. Постојат многу луѓе кои сакаат да живеат предвидлив живот, затоа што тогаш не би имало страв. Сѐ би било определено, не треба да се има сомнеж во ништо.

7. Прво, бидете осамени. Прво, почнете да добивате задоволство од самиот себе. Прво станете толку автентично среќни, што нема да има никакво значење, ако никој и не ви дојде; вие сте полни, преполни.

Ако никој и не затропа на вашата врата, сепак сѐ е во ред – вам ништо не ви недостасува. Вие дури и не очекувате дека некој ќе дојде и ќе тропне на вашата врата. Вие сте дома. Ако некој и дојде – добро е, преубаво.

А ако никој и не дојде – добро е, преубаво. Тогаш можете да имате контакт со другите. Тогаш тоа можете да го правите како домаќин, а не како роб; како цар, а не како сиромав.

8. Ако си богат, не размислувај за тоа, ако си сиромав – сиромаштијата не ја земај сериозно. Ако имаш можност да живееш во светот, сети се дека е светот – само театар, и ќе бидеш слободен, нема да те допре болката.

Страдање – е резултат на сериозен став кон животот; блаженство е – резултат на играта. Прифати го животот како игра, радувај му се.

9. Смелост – тоа е движење во непознато, и покрај сите стравови. Смелоста – тоа не е бестрашност. Бестрашноста се случува кога вие станувате посилни и похрабри.

Тоа повисоко искуство на смелоста е – бестрашност; смелост која станала апсолутна. На самиот почеток разликата меѓу исплашениот и смелиот не е толку голема.

Единствената разлика е во тоа што исплашените ги слушаат своите стравови и ги следат, а храбрите ги оставаат настрана и продолжуваат понатаму. Храбрите одат во непознатото и покрај сите стравови.

10. Вие се менувате во секој момент. Вие сте река. Денес таа тече во една насока и климатот. Утре – во друга. Никогаш не сум видел едно исто лице два пати.

Тоа се менува. Тоа постојано се менува. Но, треба да се има остри очи тоа да се види. Во спротивно, паѓа темнина, и сè станува исто; се чини дека сѐ веќе се случило.

Слушајте свесно. Разбудете се. Кога ќе почувствувате дека исчезнува силата, придвижете се како треба. Себе, а не другите. Отворете ги очите. Разбудете се. Слушнете повторно.

Споделете со вашите пријатели … !!!

loading...