Rakotzbrücke | Ѓаволски мост | Фото/Видео

507

Овој мост кој потекнува од 19тиот век, го користи своето сопствено пресликување за да формира совршен круг.

Вгнезден меѓу зеленилото во Кромлау, (германскиот парк Кромлауер), е деликатно заоблениот ѓаволски мост познат како Ракоцбрике, кој е специјално изграден за да создаде кружница која се рефлектира во водите под него.

Нарачан во 1860 година од витезот на локалниот град, тенкиот лак кој се протега низ водите на Ракоци, е грубо изграден од разновиден локален камен. Како и многу слични несигурни спојувања низ Европа, Ракоцбрике е познат како “ѓаволски мост”, поради колоквиализмот дека таквите мостови биле толку опасни или чудесни што тие морале да бидат изградени од сатаната.

Додека мостот (како и сите други) беше создаден од страна на смртни раце, неговите изградувачи се чини дека ја задржаа естетиката на мостот во повисок поглед од неговата корисност.

Крајот на Rakotzbrücke е украсен со тенки карпи, кои изгледаат како да би можеле да бидат природно изделкани карпи поради “мекиот” и природен агол кој го имаат во својот изглед.

Освен тоа, параболата на мостот е дизајнирана да биде една половина од совршениот круг, така што кога водата е прозирно сина и денот е со прозирна светлост, сите тие финеси ја создаваат илузијата на комплетен камен круг, кој маѓепсува и одзема здив.

Денес, мостот сè уште може да се гледа во паркот, но преминувањето на старата реликвија е забрането со цел да се зачува и од безбедносни мерки.

За Кукурику.Мк подготви и уреди Бојана Кољушкова

loading...