STEVIA – Најздравиот шеќер на светот

860

Побарувачката за четири години се зголемила три пати на 1038 тони, а за пет години на пазарот има 10.000 производи кои го содржат овој засладувач.

За само четири години, побарувачката на STEVIA се зголемила три пати на крилјата на големите прехранбени компании кои бараат поздрава алтернатива на шеќер. Како пренесува Bloomberg според податоците Euromonitor, од 2011 до 2016 година, глобалната побарувачка за STEVIA се зголемила на 1038 тони. Се работи за растение од семејството на главоцветните кое е 200 пати послатко од шеќерот.

Фамилијата на главоцветните или Asteraceae (уште и Compositae, сложеноцветни) е најголема фамилија на цветни растенија по број на видови на кое му припаѓа и сончогледот.

Многу интересно растение

Меѓутоа, засладувачот од STEVIA кој можат да го користат дијабетичарите нема калории, што го прави многу интересно за прехранбените компании кои мора да се прилагодат на трендот на намалување на внесот на шеќер. Веќе денес, глобалниот пазар на STEVIA и производи кои го содржат овој засладувач вреди 4 милијарди долари. Имено, освен во газираните пијалаци, STEVIA може да се најде во кечапот, сосовите за салати, закуските, гумите за џвакање, забната паста, па дури и во марамчињата за бебиња.

Во последните пет години, има повеќе од 10.000 нови производи кои содржат STEVIA, а 70 проценти од тие производи се појавиле во последните три години, покажуваат податоците на малезискиот производител на стевиа PureCircle.

“Тоа е пазар кој има огромен потенцијал за раст. Гледаме мноштво можности за инвестирање”, вели Џонатан Хју, директор на индустриската дивизија во лондонскиот трговски ланец ED & F Man.

Компанијата оваа година планира да инвестира во развојот на новиот засладувач, а на сличен проект работи и американскиот Cargill, еден од најголемите земјоделски компании во светот. Токму Cargill поттикнал внимание на прехранбени компании кон тоа растение исфрлувајќи го, 2008 година ,на пазарот првиот засладувач од STEVIA.

Скок по 2011 година

Но, побарувачката особено скокнала по 2011 година, кога Европската унија дозволила употреба на STEVIA во исхраната. Швајцарискиот Lindt & Sprüngli, водечки светски производител на премиум чоколади, најави дека нивната американска компанија Russell Stover на есен на локалниот пазар ќе претстави чоколадо засладено со STEVIA.

И покрај брзиот раст на побарувачката, STEVIA-та сé уште има мал удел на пазарот на засладувачи. Имено, белиот шеќер сѐ уште е крал со 83 отсто од акциите, покажуваат податоците на консултантската компанија LMC International. Покрај тоа, производството на оваа растение продолжува да расте многу бавно, нешто повеќе од два проценти минатата година. Да ве потсетиме дека ито го добила по шпанскиот ботаничар Pedro Jaime Esteve, а во Јужна Америка е позната со векови.

loading...