Thismia neptunis | Редок, необичен цвет виден повторно по 150 години | Видео

1794
Booking.com INT

Цветот со латинско име Thismia neptunis можеби и не изгледа како билка, но сепак припаѓа на растителниот свет.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во 1866 година, италијанскиот ботаничар Одоардо Бекари низ џунглите во Малезија, забележал еден многу необичен организам.

Тој нема листови, не произведува хлорофил и не врши фотосинтеза, виреел подземно, а личи на инсект. Бекари го документирал ова откритие, а низ белешките приложил и цртеж.

Сепак, во наредните 150 години никој не го видел цветот, се до експедицијата на биолози од Институтот за земјоделски истражувања од Чешка, кои лани го истражувале истото подрачје каде што бил и Бекари.

Така, денес, покрај цртежите на Италијанецот, за првпат во историјата постојат и фотографии од ова необнично растение.

Рим, 29 март 2018 (МИА)

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...