Toronto News | Свадбена фотографија стана хит на интернет

1321

Бред и Џенис Мекилен од канадската провинција Онтарио направиле навистина уникатна фотографија од своето венчање, која стана хит на интернет.

Брачната двојка решила да се фотографира на својот имот на село, па така и цел амбиент е во тој стил, па дури и поживописен од очекуваното.

Имено, во моментот на фотографирањето кога требало младенците да бидат во прв план, вниманието го привлекоа бик и крава во позадината, кои исто така, на свој начин ја покажуваат љубовта еден кон друг.

Невестата својата фотографија ја објави на Фејсбук „ѕидот“ на комичарката Елен Деџенерис и ги насмеа сите нејзини фанови.

Торонто, 30 мај 2017

loading...