„TOYOTA“ гради фабрика од милијарда долари во Мексико

518

Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ почна со изградба на втората своја фабрика во Мексико, а 15 на северноамериканскиот континент.

Кога во 2019 година ќе биде завршена, фабриката во градот Апасео ел Гранде ќе изработува модели на „Корола“ за северноамериканскиот пазар. Во неа ќе работат 2.000 луѓе, а „Тојота“ во изградбата и опремувањето  ќе вложи милијарда долари.

Годишно од производните ленти ќе се симнуваат 200.000 „Короли“, а кога погонот ќе стане оперативен, „Тојота“ во Северна Америка секоја година ќе произведува вкупно  2,2 милиони автомобили од различни модели.

Мексико во последните неколку години стана омилена дестинација за изградба на нови фабрики за автомобили. Многу светски производители вложуваат милијарди долари во погони во оваа земја, а меѓу нив се „БМВ“ и „Киа“.

toy%d0%be%d1%82%d0%b0-macedonia3-002

Јужнокорејската компанија во 2015 година за само 13 месеци ја завриши фабриката вредна три милијарди долари во областа Нуево Леон, што се наоѓа на границата со САД.